Недела 7 – ма по Педесетница

На 04.08.2019 година, Недела 7 – ма по Педесетница, св. Марија Магдалена, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во солсужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.