Oдбележан десетгодишниот јубилеј од Интронизацијата и архипастирствувањето на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

02.11.2023 Познатиот и прекрасен Лешочки манастир  денес беше сведок на уште еден значен настан од црковниот живот на нашата најсвета Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија. Имено, со торжествениот пречек на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и на надлежниот епархиски архиереј Mитрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф на Вечерната богослужба и Доксологија, беше одбележан десетгодишниот јубилеј од Интронизацијата и архипастирствувањето на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Пред бројното мноштво верници со пригодно слово се обрати Неговото Блаженство г. г. Стефан истакнувајќи ги заслугите и постигнувањата на Митрополитот г. Јосиф. На свечениот настан присуствуваше и  Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-дин Даријан Сотировски. Со свое слово од името на свештенсвото на Тетовско-гостиварската епархија пред присутните се обрати и секретарот на епархијата. Словото можете да го прочитате тука...