Oдбележување на 81 годинa од загинувањето на Народниот Херој Кузман Јосифовски - Питу
На 25.02.2025 година на покана на командантот третиот пешадиски баталјон потполковник Томица Ристоски во касарната "НХ Кузман Јосифовски - Питу" Тетово, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф присуствуваше на одбележување на 81 годинa од загинувањето на Народниот Херој Кузман Јосифовски - Питу. Пригоден говор по повод патрониот празник на касарната во Тетово одржа командантот на 3.пб, потполковник Томица Ристоски, кој се осврна на животот и делото на Кузман Јосифовски-Питу, истакнувајќи дека со одбележувањето на патронатот секоја година придонесуваме неговото име и дело да останат во сеќавањата на идните генерации и поколенија.