Отсекување на главата на Св. Јован Крстител

На 11.09.2019 година, Кога црквата го празнува Отсекување на главата на Св. Јован Крстител, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени славските лебови.