Посета на храмовите во изградба

На 30.06.2023 година, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф заедно со ктиторите и црковните одбори ги посети храмовите во изградба Преображение н. Циглана-Гостивар, Св. Климент Охридски с. Пожаране-Гостивар и храмот Успение на Пресвета Богородица с. Леуново -Маврово, даде благослов за понатамошните архитектонско-градежни и урбанистички фази коишто се неопходни за продолжување на изградба на овие велелепни храмови.