Преображение Господово

На ден 19.08.2020 година Преображение Господово, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше света Литургија во храмот Пресвета Богородица во Гостивар. На светата Литургија верниот народ се причести со светите Тајни. Согласно типикот и традицијата беше благословен и лозовиот плод - грозјето. Истиот ден во манастирот посветен на Преображението кој е во изградба во населбата Циглана - Гостивар Митрополитот ги благослови кумските лебови и грозјето.Проповета на митрополитот можете да ја слушнете на следниот линк...