Прва среда од Великиот пост

На 05.03.2025 година, во Првата среда од Великиот пост, во  Соборниот храм „Св Кирил и Методиј“ –Тетово, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на протоереј Ѓорѓи Сламков и протоереј Александар Стојаноски. Православните христијани кои со пост, молитва и исповед се подготвуваа во изминативе денови, пристапија да се причестат со Светите Христови Тајни.