Средба во Лешочкиот манастир

21.12.2023.Во Лешочкиот манастир митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф ги прими, Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-мајор Арбен Кинѓи, кој се наоѓа во официјална посета на Република Македонија. Почитуваните гости беа запознаени со богатата духовна и културна историја на далеку познатиот Лешочки манастир.