Св.пророк Илија - Илинден

02.08.2023 Св.пророк Илија - Илинден во Лешочкиот манастир,надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф богослужеше света литургија. По литургијата беше отслужен парастос за сите кои се упокоиле за одбрана на нашата вера и татковина Македонија.Митрополитот г. Јосиф,по прочитаното Послание од архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан ,изговори пригодна беседа говорејќи за празникот честитајки го големиот национален празник Илинден, а секако и црковниот спомен на Светиот славен Пророк Илија.