Ѓурѓовденска литија

07.05.2025 Ден по чествувањето на споменот на Светиот Великомаченик Георгиј победоносец, во Струга беше одржана традиционалната Ѓурѓовденска литија.
Како и секоја година, прославата на овој ден започна во утринските часови, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, со света архиjерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан,во сослужение на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф .
Во попладневните часови, во дворот на храмот „Св. вмч. Георгиј“, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан,во сослужение на митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф и епископот Антаниски г.Партениј.
По завршувањето на Вечерната, беше отслужен помен за сите порано упокоени ктитори, свештенослужители, служители и за сите оние кои помагале во овој свет храм, а потоа, верниот народ, предводен од архијереите, носејќи ги светите мошти на Светиот Великомаченик Георгиј, и чудотворните икони на светителот и на Мајката Божја, тргна низ улиците на Струга.