Воскресение Христово
На 20.04.2025 година во Светлата ноќ на Воскресението Христово, по трикратниот опход околу храмот и по објавата на најрадосната вест, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Предраг Исаевски, протоереј Жарко Мицковски и ѓакон Илија Деспотовски отслужи Света Божествена Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, во Тетово. На литургијата се прочита Велигденското послание од Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан и членовите на САС на МПЦ-ОА. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!