Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден
На 27.09.2025 година, Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение со свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво. Пред започнувањето на Литургијата, според Црковниот типик, насреде храмот беше изнесен Светиот Крст, каде што беше воздвижен, а свештенството и верниот народ се поклонија пред духовното оружје, кое е слава на Црквата и поткрепа на верните. Пред почетокот на литургијата Митрополитот г. Јосиф го ракопроизведе ученикот од МПБ Даниел Јанкулоски од Гостивар во чин чтец. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од литургијата Митрополитот г. Јосиф одржа пригодна беседа.