Преп. Наум Охридски

На 05.01.2019 година, кога црквата го слави Преп. Наум Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“- на Попова Шапка, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Жарко Мицкоски, протопрезвитер Марјанчо Мадевски, протопрезвитер Александар Стојаноски како и јеромонах Еразмо и јеромонах Ефросиниј од Бигорскиот манастир. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови. На литургијата пееше женскиот хор Менада предводена од маестро Ивица Зориќ. Црковниот одбор по завршувањето на литургијата за целиот присатен народ приреди трпеза на љубовта. Литургијата беседеше Митрополитот г. Јосиф, беседата можете во целост да ја прочитате тука....