Свети Ѓорѓи Кратовски

На 24 февруари 2019 година, кога Црквата го слави споменот на свети Ѓорѓи Кратовски, во храмот на свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. На литуријата беседеше митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и истата можете да ја прочитате на слидниов линк ...

По завршувањето на Литургијата, на градскиот плоштад во Кратово беше осветен славскиот колач.