Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
На 04.12.2018 година, кога црквата го слави Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во храмот „Пресвета Богородица“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови. На литургијата беседеше Митрополитот г. Јосиф, беседата може во целост да ја прочитате тука...