Дванаесетта недела по Педесетница
31.08.2025 Во Дванаесетата недела по Педесетница, во Македонската Православна Богословијата (МПБ) „Св. Климент Охридски“ во Драчево, се богослужеше света архиерејска Литургија и призив на Светиот Дух за почеток на новата учебна година, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е воедно и ректор на Богословијата, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Овој чин се извршува за просветување и очистување на срцата и умовите на учениците, за да можат со Божја помош да ја совладаат науката над науките и да дојдат до Богопознание.
Со благослов на Митрополитот и ректор на МПБ г. Агатангел, беседа произнесе Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Беседата можете да ја прочитате тука...