Навечерие на празникот на Сесловенските просветители и рамноапостоли Св. Кирил и Методиј
На 23.05.2025, во навечерието на празникот на Сесловенските просветители и рамноапостоли Св. Кирил и Методиј, во криптата на базиликата ,,Свети Климент" („Сан Клементе“), во Рим денеска се отслужи Молебен на гробот на свети Кирил. Со Молебенот чиноначалствуваше митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со епископот Стобиски г.Јаков,
кои по благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан се дел од државно-црковната делегација.
На Молебенот присуствуваше висока македонска државна делегација, предводена од Претседателот проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, министерот за култура г. Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, генералниот секретар на Кабинет на претседателот г. Ѓорѓи Божинов, вршителот на работите во Амбасадата на Р. Македонија при Светата Столица г. Тони Петровски и вршителот на работите во Амбасадата на Р. Македонија при Италијанската Република г-ѓа Сања Митровска.
По Молебенот беседа произрече митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Во продолжение следи интегралниот текст на беседата: