Собор на свети Архангел Михаил

На 21.11.2024 година, на празникот Собор на свети Архангел Михаил,со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше и проповедаше на Светата Божествена Литургија во храмот „Свети архангел Михаил“ во Автокоманда. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По литургијата беа благословени кумските лебови. На Литургијата, со слово кон многубројниот присутен народ се обрати Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф (проповедта можете да ја прочитате на следниов линк ).